70 години од штрајкот во велешката гимназија

Авангардата на историските промени во Македонија е Велес. Генерациите велешани, зависно од периодот во кој ја исполнуваат единствената и вековната кауза – македонски јазик и држава, оставаат траен белег кој сведочи за чекорите на таа борба. Учениците на велешката гимназија, најстарата гимназија во Македонија, пред 70 години со штрајк кој се прошири и на граѓанството, го кренаа гласот против асимилаторите и негаторите на македонскион народ, јазик и држава во едиствената симбиоза на овие барања – борба за слобода. Почит кон делото на луѓето што пред 70 години беа ученици на Гимназијата се оддаде во дворот на тогашната гимназиска зграда каде се положи цвеќе и се евоцираа спомени.