„Бегалка“
На 22.03.2012 г. во салата „Бели Мугри“ учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“ под режиската палка на проф. `Ртоска Љубинка, ја одиграа претставата „Бегалка“ од В. Иљоски пред преполна сала. Учениците, иако аматери мошне вешто ги одиграа улогите за што беа наградени со громогласен аплауз. Претставата беше хуманитарна, а собраните средства ќе се донираат за лекување на лица на кои им е потребна помош (Бране Петковски и Трајче Андов). Во наредниот период се планира прикажување на истата претстава пред осмоодделенците од Општина Велес. Благодарност до сите присутни што ја покажаа својата хуманост, но и својата воодушевеност од прикажаното.

