Априлијада под мотото: „Шега, смеа, песна“
Во организација на Општина Велес традиционално беше обележан 1-ви Април, Меѓународниот ден на шегата. Учениците од сите општински основни училишта, децата од ПОУ „Маца Овчарова“ и децата од ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“ заеднички под мотото: „Шега, смеа, песна“ ја изразија детската креативност и инвентивноста на наставниците и родителите. Препуштени на фантазијата под најразлични маски продефилираа јунаци од бајките, цртаните филмови и многу тв серии, а се слушаа шеги, песни и многу весел детски џагор. Поради градежни зафати, оваа година манифестацијата се одржа на локација во Градскиот парк. Убавиот сончен ден овозможи уживање и восхит на сите присутни.