24- Мај, Ден на сесловенските просветители - Наградени најуспешните

Денес во Општина Велес во пресрет на Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, се одржа свечена академија на која беа наградени најдобрите просветни работници. Најуспешни поединици за 2012 година се: Светлана Бобевска, најдобар одделенски наставник од ООУ „Блаже Конески“, Сениха Брзева, најдобар предметен наставник од ООУ „Благој Кирков“ и Валентина Шкрекова, најдобар наставник во средно образование од ССОУ „Коле Неделковски“.

 

Во чест на празнувањето на просветителството, пригодно обраќање имаше Градоначалникот Петров, кој воедно и ги врачи признанијата на најуспешните. На свеченоста, уметничкиот дел го збогати хорот при ООУ „Васил Главинов“,  победник на Хорските смотри 2012 и настапот на професори од ООУ „Стефан Гајдов“.