Чествување на Рацин на местото на погибијата

И овој 13 јуни на гробот на Кочо Рацин во пазувите на Лопушник, се поклонија делегации од Другово и Велес, ученици од двете општини, претставници на Армијата на Република Македонија, Резервни воени старешини, институции, планинари и поединци. Во своите обраќања градоначалниците Никоски и Петров потврдија дека и 69 години по кобниот 13 јуни 1944, потрагата по мистеријата за убиството на поетот продолжува и ја обврзува оваа генерација Македонци да го внесат во меморијата на младите значењето на Рацин. Сред буките на Лопушник одекна поезијата на Рацин искажана од учениците на велешката гимназија и основното училиште во Другово и заветот дека Рацин ќе остане жив се дури не има.