Презентација на сообраќајна студија за дел од улична мрежа во Велес
На ден 12.09.2012 (Среда) во 12.00 часот, во Големата сала на Општина Велес се одржа презентација на Сообраќајна студија за дел од улична мрежа во Велес со варијантни решенија за одредени крстоцници. Оваа студија ја изработи проектантската куќа ЗУМ Проект од Скопје. Ова е прв случај на презентација на оваков вид на студија пред пошироката јавност во Македонија.
ПРЕДМЕТ на студијата е анализа на постојниот еднонасочен систем на улиците Алексо Демниевски и Благој Ѓорев и разработка на нови сообраќајни решенија на дел од уличната мрежа во Велес кои ќе ги задоволат сообраќајните потреби на населението кое гравитира во овој дел на градот.
ЦЕЛ на студијата произлегува од утврдувањето на новите сообраќајни потреби кои настануваат на уличната мрежа со изградбата на нови културни институции, постоечките здраствени институции и пристапот до нив преку воспоставување на оптимален сообраќаен систем со воведувањето на нови сообраќајни решенија на уличната мрежа и начин на нивно управување.
ОПФАТ на Студијата влегува постојната улична мрежа во Велес составена од сообраќајниците:
- Ул. Благој Ѓорев, од крстосницата со ул. Борис Трајковски (Ленинова) до крстосницата со ул. 8 Септември (Маршал Тито),
- Ул. Наум Наумовски Борче, од крстосницата со ул. Благој Ѓорев до крстосницата со ул. Алексо Демниевски,
- Новопроектирана улица, од крстосницата со ул. Благој Ѓорев до крстосницата со ул. Алексо Демниевски.
За подетални информации можете да ја превземете презентацијата од следниот линк. (Напомена: Во презентацијата се користени старите називи на улиците во Велес.)
Доколку граѓаните имаат предлози и мислења, истите може да ги достават во писмена форма во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.