Денес светот го обележува Меѓународниот ден на глуви и наглуви
Лицата родени со инвалидитет или здобиен по игра на судбината заслужуваат еднакви можности. Општина Велес преку Локалниот акциски план за лица со инвалидност, останува цврста на определбата во континуитет да води грижа за подобрување на Вашата социјална и општествена положба. Од име на Општина Велес, граѓаните на Велес и од свое лично име го честитам денешниот празник, Меѓународниот ден на глуви и наглуви. Убеден сум дека секој поединец во заедницата, сите организации и институции ќе го дадат својот максимум во заложбите за Ваш достоинствен живот. Вие сте наши сограѓани и рамноправен дел од локалната заедница.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров