Отпочнување на реализација на проектот водоснабдување на крајбрежниот појас на Езеро „Младост“

Денес во просториите на Општина Велес се одржа состанок на кој се договори воведување во работа за реализација на проектот Водоснабдување на Башино село, УБ Речани, село Отовица и УБ Езеро Младост од градскиот водоводен систем  на Општина Велес да биде на ден 26.11.2012 година  во 9 часот. При воведување во работата ќе се изврши предавање на трасата со полигонски и координатни точки на прекршувањата на трасата. Изведувачот ќе достави Динамички план за изведување на работите и потребната документација согласно Договорот NCB -007-10  од 08.11.2012 година.

На состанокот беа присутни Љубица Патлиџанковска претставник на Министерството за финансии – МСИП(проект за подобрување на општински услуги)  и Роза Перковска  претставник на МФ – МСИП проектот,  претставник на надзорниот орган на ГИМ Македонија, претставници на Општина Велес, претставници на  изведувачот „ Вардарградба“ Скопје.

Со ова отпочнаа активностите за реализација на проектот за водоснабдување на крајбрежниот појас на  Езеро„ Младост“ со средства обезбедени со кредит од Светска банка.