Пресконференција 06.06.2013 година (Четврток) - Александар Колев, Претседател на Совет на Општина Велес
Почитувани преставници на медиумите
На денешната пресконференција сакам да ја известам јавноста дека на 04.06.2013 година како Претседател на Советот на Општина Велес , по одржаната координација со координаторите на советничките групи, го потпишав Решението за свикување на 4-тата седница на Советот на Општина Велес.
Седницата ќе се одржи на ден 11.06.2013 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10.00 часот.
За 4 седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1.Предлог-Буџетски календар на Општина Велес за 2014 година.
- Согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се утврдуваат обврските на Општината по однос на донесување на буџетскиот календар од страна на Советот на Оптинатата. Истовремено со буџетскиот календар се утврдуваат основните активности кои треба да се прeдвидат во утврдени рокови со цел да се изврши добра подготовка и планирање на буџетот за наредната 2014 година. Навременото донесување на буџетскиот календар на општината, е уште еден услов за остварување на успешен буџетски процес.
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Деталниот урбанистички план за „Индустриска зона – Блок Сокомак” Општина Велес.
- Потребата за изработка на ДУП е да се излезе во пресрет на барањата на сопственикот за развој на индустриските капацитети, во согласност со законските прописи, стандарди и нормативи при планирањето.
3.Предлог-одлука за утврдување на потребата за изменување и дополнување на Детален урбанистички план мало стопанство – Велес, дел од комплекс УЗУС, Општина Велес.
- Потребата за утврдување на изменува и дополнување на ДУП Мало стопанство – Велес, дел од комплекс УЗУС, Општина Велес е со цел бесправно изградените објекти во планскиот опфат да се вклопат во урбанистичкиот план согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање како и според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
4.Предлог-одлука за определување на дефицитарните занимања и занаети во изумирање.
- Со оваа одлука се определуваат дефицитарните занимања и занаети во изумирање, или вкупно 18 во Општина Велес. Вршителите на определените дефицитарни занимања и занаети од оваа одлука се ослободуваат од плаќање на комунална такса за фирма. Оваа одлука е согласно Законот за комуналните такси, кој предвидува дека комунална такса не се плаќа за фирма на вршителите на дефицитарните занимања и занаети во изумирање.
5.Предлог-одлука за утврдување на начин на времено користење на административни и деловни протории од објект во м.в. „Димитар Влахов” сопственост на Општина Велес.
- Со оваа Одлука ќе биде утврден начинот на времено користење на административни и деловни простории од објект во м.в. Димитар Влахов во сопственост на општина Велес. Административните и деловните простории од објектот ќе се издаваат по закуп по цена на чинење по м2, според местоположбата и површината, во постапка по пат на јавно наддавање. Почетната цена ја утврдува Советот на Општина Веле со донесувањето на оваа одлука и истата ќе претставува почетна цена кај давањето на просториите под закуп.
6.Предлог-одлука за откажување на корисничко право на Општина Велес, како корисник на недвижен имот (КП 10424/1).
7.Предлог-одлука за откажување на корисничко право на Општина Велес, како корисник на недвижен имот (КП 2898/2).
- Овие две точки се по барање на приватен стопанственик заради спроведување на постапка за давање под закуп на земјоделско земјиште.
8.Извештај за работата со финансиски резултати на ЈПССО „Парк-Спорт” Велес за периодот од 01.01.2013 година до 31.03.2013 година.
- Во согласност со Законските прописи со Советот на Општина Велес е стигнато барање за разгледување на Извештајот за работата со финансиски резултати на ЈПССО Парк-Спорт Велес за периодот од 01.01.2013 до 31.03.2013. Извештајот е претходно усвоен од управниот одбор на ЈПССО.
9.Предлог решение за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт во Општина Велес за 2013 година.
- Со оваа решение се врши распределба на средствата од Буџетот на Општина Велес на спортските клубови и спортисти од Општината, согласно Програмата за активностите на Општина Влееес во областа на спорт и млади во 2013 година, глава 4 - Поддршка на спортот во градот, реден број 1 - Поддршка на квалитетен спорт – надоместок за користење на спортски објекти, за што се предвидени средства во висина од 2.400.000 денари и реден број 2 - Поддршка на младински екипи – надоместок за користење на спортски објекти за што се предвидени средства во висина од 400.000 денари.
10.Предлог-решение за давање согласност за Одлука за распишување на оглас за издавање под закуп на дел од Градскиот пазар 2 во времетраење од 15 години, на ЈКП Дервен Велес.
- Со ова Решение се дава согластност на Одлуката за распишување на оглас за издавање под закуп на дел од Градски пазар 2. Разгледувањето на ова предлог решение беше одложено од минатиот состав на Советот, поради започнувањето со кампањата за локалните избори, согласно Законот за спречување на корупцијата.
11.Предлог-решение за разрешување претседател и членови на Комисијата за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Велес.
12.Предлог-решение за именување претседател и членови на Комисијата за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Велес.
- Станува збор за истекување на мандатот на актуелните членови од што следува потребата од нивно разрешување и именување на нови членови.
13.Предлог-решение за разрешување членови на Управен одбор на ЈКП Дервен Велес.
14.Предлог-решение за именување членови на Управен одбор на ЈКП Дервен Велес.
- До Советот на Општина Велес се доставени информации за неспоивост на функции на двајца членови на УО на ЈКП Дервен, поради што има потреба од нивно разрешување и именување на нови членови.
15.Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на ОСУ Јовче Тесличков Велес, претсавник на Општина Велес.
16.Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на ОСУ Јовче Тесличков Велес, претсавник на Општина Велес.
- До мене како Претседател на Советот на Општина Велес е доставена оставка од лични причини на член на Училишен одбор на ОСУ Јовче Тесличков поради што е потребно разрешување и именување на нов претставник.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат ден пред одржувањето на седницата на Советот, Понеделник 10 Јуни 2013 година.
Ви благодарам!