Вeлешка вечер во Крушево
Во рамките на Научно-културните средби „10 дена крушевска република“ на 5-ти август гостуваше Велес. Организаторот овој дел од богатата уметничка програма на националната манифестација со право му го додели на Велес и го наслови „Во чест на Гемиџиите“. А ние додадовме и во чест на велешките војводи и комити што се бореа во Илинденската епопеја.
Велес се претстави со целовечерен концерт на КУД „Коле Неделковски“ и солистот Трајче Ламјов, а изборот беше патриотска македонска песна и игра. Покровител на велешката вечер во Крушево беше градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.