Смотра на староградски македонски песни

Во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија на 6.09.2013 година во Младинскиот парк се одржа Смотра на староградски македонски песни. На овој традиционален концерт учество земаа ансамбли од Радовиш, Гевгелија, Валандово, Струмица и велешката група „Распеани велешани“. Посебно беше задоволството да се присуствува на овој празничен и несекојдневен настан во нашиот град.