15 октомври - Меѓународен ден на пешачењето

Учениците основните училишта Блаже Конески и Благој Кирков го одбележаа меѓународниот ден на пешачењето 15 октомври. Тие ги изодеа маршрутите од училишните згради до спомен костурницата и до општинската зграда. Во оваа активност беа опфатени повеќе од 300 ученика и таа е во рамките на програмата инитеграција на екологијата преку едукација во македонскиот образовен систем. Учениците, задоволни што се дел од оваа еколошка активност, ја пренесоа до сите граѓани, пораката за полезноста од пешачењето, преку делење флаери на случајни минувачи.