ПОСЕТА НА УРБАНАТА ЗАЕДНИЦА „АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ – БАУМАН”

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев, на ден 25.10.2013 година (Петок), ќе ја посетат урбаната заедница „Алексо Демниевски – Бауман” и ќе остварат средба со граѓаните од овој дел на градот. Средбата ќе започне во 18.30 часот и ќе се одржи во просториите на урбаната заедница.

 

Целта на средбата ќе биде жителите од оваа урбана заедница да ги изнесат приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат но исто така и да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во оваа населба, во рамките на програмите за работа на Општина Велес во 2014 година.

Средбите на градоначалникот и претседателот на Советот со урбаните и месните заедници се особено значајни за непосредната комуникација на жителите со локалната самоуправа. Притоа на овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите граѓани.