Тркалезна маса со работници од областа на културата
На ден 31.10.2013 година во Општина Велес се одржа тркалезна маса со работници од областа на културата на која што беше разгледана Нацрт-програмата за култура во 2014 година. Средбата ја отвори претседателот на Советот, Александар Колев кој пред присутните ја истакна важноста од една ваква презентација на идните планови на општината. Ваквиот нов начин на презентација на програмите е значаен момент во насока на транспарентно и отчетно работење но и во насока на зајакнување на партнерството кое што локаланата самоуправа го има со работниците од доменот на културата.
Од страна на општинската администрација целосно беше презентирана Нацрт-програмата за 2014 година по што се отвори дискусија во која присутните ги изнесоа своите размислувања и ставови во врска во однос на програмата и во однос на културното живеење на градот. Тркалезните маси од овој тип, ќе продолжат и во наредниот период до конечното усвојување на предлог-програмите за работата на Општина Велес.