Спортски натпревар по повод 16-ти Ноември – Меѓународниот ден на толеранцијата

Денес во спортската сала при ССОУ „Коле Неделковски“ беше одржан спортски натпревар во футсал помеѓу екипи формирани од ученици од училиштето во мешан етнички состав. Овој настан беше организиран по повод 16-ти Ноември – Меѓународниот ден на толеранција и вооедно беше промотивен настан од проектот за меѓуетничка интеграција „Заедно сме  посилни“. Проектот за меѓуетничка интеграција во образование се реализира во соработка со УСАИД, Министерството за образование и наука, Бирото за развој и образованието и Центарот за стручно образование и обука.

Екипите составени од ученици од бошњачка, турска, македонска, ромска, албанска, српска и влашка националност одиграа спортски натпревар чија цел беше различните етнички и културни средини преку спортот да се запознаат меѓу себе и да научат да ги почитуваат различностите на другите. Подршка на овој настан дадоа Директорот на училиштето м-р Валентин Елисковски, Мира Ташкова – координатор на тимот за училишна интеграција,  училишниот педагог, наставници и ученици од училиштето. Одговорен наставник за реализација на овој спортски настан беше Здравковски Златко – професор по спорт и спортски активности.