„Ден на дрвото" - Ноември 2013
Акцијата „Ден на дрвото" денес успешно се реализираше на локација во м.в. Колиба (пристапен пат кон Езеро Младост) на површина од 5 хектари. Временските услови не беа пречка за велешани да излезат масовно и да посадат 200 илјади дрвца. Река од ученици, вработени во администрацијата, јавните претпријатија, припадници на АРМ, вработени од ЈКП „Дервен" и граѓани на Велес активно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото" за да придонесат во создавањето на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации.
Заедно со граѓаните денеска беа и градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев. Тие изразија големо задоволство од масовноста и желбата на велешани да се вклучат во акцијата. Од утре, засадените дрвца како растат ќе бидат набљудувани од вработените во шумското стопанство Бабуна.