Прогласени најдобрите спортисти и спортски екипи во велес за 2009 година

Избор на најдобар спортист за 2009Под покровителство на Советот и Градоначалникот на Општина Велес,  во одлична организација на Сојузот на спортови на Велес,  и оваа година, по јубилеен 50-ти пат,  се одржа традиционалната спортска манифестација „Избор на најдобар спортист на Велес“. Салата „Бели мугри“ во која се одржа манифестацијата беше исполнета до последното место од љубителите на спортот во Велес, кои со голем интерес  го проследија прогласувањето на најдобрите спортисти, поридружено  од балетската група „Анабела“ и КУД „Керамичар“. 

Комисијата за избор на најдобар спортист, составена од спортски новинари и преставници на Сојузот на спортови, одлучија оваа година за најдобри да бидат прогласени:
Најдобар спортист на Велес за 2009 година беше прогласена Маја Нацева од Ракометниот клуб „Леов Бартек“.  Втор спортист е Александар Лазаревски  од Ракометниот клуб „Борец“, а на трето место е Игор Стефановски од кајакарскиот кану клуб „Вардар“.
  
Понатаму следуваат:

4. Кристијан Ефремов
5. Сашко Паунов
6. Драгана Николовска
7. Билјана Пановска
8. Ленче Андреевска
9. Катеринчо Груев
10. Жарко Спасевски

Најдобра спортска екипа е Ракометниот клуб „ЛЕОВ БАРТЕК“, втора екипа е  РК „БОРЕЦ“, а трета екипа е ОК „ФОРПШПЕД“, а златната плакета на Сојузот на спортови ја доби Здружението на спортски риболовци  „БАБУНА“  за огромниот придонес во развојот на спортскиот риболов во Велес и во Македонија како и за континуирано одлично постигнуваните резултати во изминатиот период.
Најдобри спортски тренери за 2009 година се Димче Стефановски и Панче Нанев.

Сојузот на спортови додели  и посебни признанија за извонредната соработка и дадениот придонес за развојот на спортот во општината и државата на:

  • Агенцијата за млади и спорт на Републима Македонија
  • Сојузот на спортските федерации на Македонија
  • Советот на Општина Велес

Признанија добија и: клубот за мал фудбал „ГЕМИЏИИ 1903“  и ЗОРАН ПАУНОВ  (постхумно), фудбалер, голман на ФК „Борец“,  ФК „Пелистер“ и ФК „Вардар“.
Оваа година  за Амбасадор на Велешкиот спорт беше прогласен Панче Ќумбев, фудбалер на Фудбалскиот клуб „Легија“ од Варшава – Полска.
На манифестацијата беа прогласени и најдобри млади перспективни спортисти, младински екипи, најдобри инвалидизирани спортисти, спортски судии, спортски педагози, спортски работници, спортски известувачи и спонзори кои го помагаат спортот.

Сојузот  на спортови на Велес, за сите прогласени спортисти во секоја номинација обезбеди награди и тоа статуетки со знакот на Сојузот, плакети и дипломи.
Наградите ги врачија Градоначалникот на Општина Велес  Горан Петров, Пртетседателот на Советот на Општина Велес Славчо Чадиев, Претседателот на Комисијата за спорт при Општина Велес Сашко Димов, Претседателот на Сојузот на спортови на Велес , Зоран Ѓуровски, како и други истакнати спотски работници и членови на Извршниот одбор на Сојузот на спортови.