Екипата на „МИКИ ВЕЛ" од Велес победник на турниот во мал фудбал за пионери „Велес 2009/10“

Под покровителство на Советот и Градоначалникот на Општина Велес, во одлична организација на Фудбалската школа „Велес", во неделата на 10.01.2010 година, се одиграа и финалните напгпревари со кои заврши Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал за пионери.Во изминатите петнаесетина дена (турнирот започна на 27.12 2009 година) во спортската сапа „Гемиџии", 14 пионерски фудбалски школи со околу 150 фудбалерчиња од Скопје, Неготино, Свети Николе, Кавадарци, Лозово, Градско, Башино село и од Велес, спортуваа, се забавуваа, се дружеа играјќи мал фудбал. Децата тоа го сакаа, Општина Велестоа им го овозможи.

Вкупно беа одиграни 25 натпревари. Во нив, децата покажаа дека солидно ја совладале фудбалската техника. Натпреварите беа доста интересни со голема желба на сите екипи да се стигне до посакуваната победа, иако основната цел на турнирот беше дружењето, забавата рекреацијата, пријателството.Првото место на турнирот го освои екипата на „Мики Вел* од Велес која во финалниот натпревар ја совлада фудбапската школа „Форца" рд Скопје со 7:2.

На третото место се пласира екипата на „Вардар" од Неготино совладувајќи ја екипата на „Среќни баксузи" од Башино село со 5:1.
На турнирот учествуваа и екипите на ЈДаме Груев" од Градско, „Методи Митевски - Брицо" од Лозово, „Гемиџии" од Велес, Втора екипа на „Мики Вел°, ФК „Тиквеш" од Кавадарци, ФК „Овче Полеи од Света Николе, „Поток“, „Спартаци" и ФШ „Велес11 и ФК „Бореца од Велес.

 

За најмлади учесници беа прогласени Муртезани Бесник и Астарџиев Давид од екипата на ФШ „Велес".
Најдобар голман на турнирот е Сердал Мамудов, најдобар голгетер е Стојанче Костадиновски, и двајцата од екипата на „Мики Вел, а за најдобар фудбалер на турнирот беше прогласен Аце Мирчевски од екипата на фудбалската школа „Форца".

Организаторот на турнирот за најдобрите обезбеди богати награди (медаљи, пехари, дипломи, и комплет спортска опрема во дресови, гаќички, штуцни, тренерки)
Наградите, на најдобрите екипи и поединци ги врачија Сашко Димов, Претседател на Комисијата за спорт и член на Советот на Општина Велес, Трајче Ковачев надлежен за спортот во Велес и Јовче Џипунов тренер во фудбалската чкола „Форца".

11.01.2010 Велес
Т.К.