ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ВЕЛЕС 2010“

Во организација на клубовите за мал фудбал од Велес и МЗ „Димче Мирчев“ а под покровителство на Општина Велес, започна првиот турнир во мал фудбал „Велес 2010“. Турнирот за отворен го прогласи Претседателот на Советот на Општина Велес Господинот Славчо Чадиев кој со големо задоволство ги проследи и првите натпревари. На турнирот учество пријавија 20 екипи од Скопје, Куманово, Неготино, Кавадарци, Велес и други места. Натпреварите се играат секој ден со почеток во 19,00 часот на ракометното игралиште во Градскиот парк кое за оваа прилика од страна на Општината беше реновирано и осветлено.

Во првиот круг се очекуваат многу интересни и неизвесни натпревари. Интересот на граѓаните за овој фудбалски турнир е големо, што се гледа и од големата посетеност во првите два дена, а интересните и неизвесни натпревари кои се очекуваат во наредните денови секако дека ќе привлече уште поголем  број на граѓани.