Екипата на „Железарец“ победник на турнирот во мал фудбал „Велес 2010“

Во одлична организација на клубовите за мал фудбал „Гемиџии 1903“ и „Велес“ од Велес, под покровителство на Општина Велес, на игралиштето за мали спортпови во Градскиот парк, пред околу 1.500 гледачи, се одиграа финалните натпревари  од првиот турнир во мал фудбал „Велес 2010“.Во натпреварот за третото место екипата на „Милком“ од Скопје  ја победи екипата на „Дали пом“ од Куманово со 3:2 и со тоа го освои третото место на турнирот.Во финалниот натпревар се сретнаа екипите на „Железарец“ од Скопје и екипата на „Куферчиња“ од Велес. Во многу интересен и неизвесен натпревар победи екипата на „Железарец“ со 1:0 и со тоа го освои првото место, додека второто место му припадна на екипата „Куферчиња“.

За најдобрите екипи и поединци беа доделени парични и други награди. Истите ги врачи  Претседателот на Советот на Општина Велес Славчо Чадиев.Со својата масовност (20 екипи), со својот квалитет (учествуваа најдобрите мајстори на малиот фудбал  и стандардни репрезентативци на Македонија, со условите што ги нуди игралиштето во Градскиот парк  и пред се со големиот интерес кај граѓаните и големата посетеност во сите вечери, турнирот ја оправда довербата од Советот за негова организација.Се предвидува, овој турнир да биде традиционален, а за наредната година организаторите предвидуваат и учество на екипи од соседните  држави.