Турнир во борење на пеливани
Под покровителство на Општина Велес, како дел од Програмата на активностите на Општината во областа на спорт и млади за 2010 година, во организација на месната заедница Бузалково, на 03.10.2010 година се одржа шестиот по ред традиционален турнир во борење на пеливани „Бузалково 2010“. И оваа година, на турнирот учествуваа најдобрите пеливани од Македонија. Имаше пеливани од Скопје, Прилеп, Велес, Бузалково, Сливник, Караџица (Скопско) како и еден натпреварувач од Република Бугарија.
Многубројните посетители меѓу кои и Градоначалникот на Општина Велес, Претседателот на Советот на Општина Велес и другите гости уживаа во прикажаните квалитетни борби. Турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Велес. Организацијата беше на високо ниво, за што освен пеливаните се погрижи и КУД „Емин Дураку“ од Скопје кое изведе дел од својата богата програма.
Победници на овој турнир постанаа:
Во четврта рака: Алмир Турк од Бузалково
Во трета рака: Орхаи Имери од Прилеп
Во втора рака: Рамазан Бакиу од Бузалково
Во прва рака: Асан Камбери од Бузалково
На најдобрите пеливани им беа врачени дипломи и парични награди.