Три медаљи од Велигденскиот крос во Скопје

Под покровителство на Општина Велес, а во организација на Сојузот на спортови на Велес, Сојузот на спортски федерации на Македонија, Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје на 20 април 2011 година на кејот на  Вардар во Скопје се одржа традиционалниот Велигденски крос. Како и секоја година така и оваа на традиционалниот крос Општина Велес учествуваше со 50 ученици од средните и основните училишта. Велес се претстави солидно, постигна врвен спортски резултат и во својот град донесе три медаљи. Најголемиот успех го постигна ученичката Марјана Нацева III/3 клас од ССОУ „Димитија Чуповски“ освојувајќи го првото место. Во категоријата на основни училишта, ученичката Пена Граматова VI/7 оделение од ООУ „Васил Главинов“ го освои второто место, додека ученичката Елена Галева VI/3 оделение од истото училиште го освои третото место.