Tрадиционален натпревар „Детски семафор“

На ден 05.05.2011 година во просториите на ООу„Васил Главинов“ во Велес се одржа традиционалниот натпревар „Детски семафор“ во организација на Општинскиот совет за безбедност на собраќајот на патиштата Велес. На натпреварот се пријавија 5 основни училишта и тоа 4 од Општина Велес и 1 училиште од Општина Градско. Учениците се натпреваруваа во 2 дисциплини и тоа: проверка на познавањето на сообраќајните знаци и прописи преку решавање на тест и вешто  возење со велосипед  на предходно подготвениот полигон.

Натпреварувачите се бодираа екипно и поединечно, а од најдобрите 6 натпреварувачи е составена екипа која ќе се натпреварува на Регионалниот натпревар „Детски семафор“ кој ќе се одржи на ден 07.05.2011 година во 09.00 часот, исто така во просториите на ООу„Васил Главинов“ во Велес, а во организација на Републичкиот совет за безбедност на собраќајот на патиштата и Општинскиот совет за безбедност на собраќајот на патиштата Велес