6-та Забавна фудбалска школа
Од 20 до 24 август.2011 година во општините Велес и Петровец се реализираше проектот на Сојузот на спортови од Велес „Забавна фудбалска школа“. 200 деца на возраст од 8-11 години на 20-ти и 21-ви август играа, се забавуваа, спортуваа и се дружеа во Велес, а на 22-ри и 23-ти август во Петровец, за завршницата да ја имаат секој во својата општина.
Проектот 6-та година по ред е дел од Програмата за спорт и млади на Општина Велес. Спортските педагози и велешката јавност го сметаат за исклучително значајна манифестација за анимирање на масовниот спорт меѓу најмладите.