Денес стартува Veles beach open volley 2011
Минатата година за прв пат се организираше меѓународен натпревар во одбојка на песок, за радост на организаторот, ОК „Борец“ од Велес и целата спортска јавност. Натпреварот беше провокација за организаторите оваа година турнирот во одбојка на песок да го продолжат на 10 дена и да биде единствен од отворен тип во Република Македонија.
Токму затоа интересот за учество на Турнирот Veles beach open volley 2011 е огромен. Учествуваат екипи од сите градови во Македонија и во сите категории во машка и женска конкуренција.
Денес, на 24 август 2011 година, ќе се одржат натпревари во две категории: активни играчи до 18 години и аматери над 18 години.
Следните денови ќе се одржат натпреварите на мешани парови и ветерани, за на 3 и 4 септември, кога турнирот ќе навлезе во завршницата да се одржи меѓународниот дел од турнирот каде учествуваат екипи од Албанија, Србија, Косово и Македонија.