Велес ги пречека своите репрезентативци
Влатко Темелков и Дејан Манасков си дојдоа дома по успешната битка со најдобрите ракометни репрезентации на Европа. Полни со возбуда и импресии пред општинската зграда беа пречекани од велешките граѓани, вљубеници во спортот, спортисти, спортски работници, пратеници и членови на Советот на Општина Велес. Заедно, како што тоа го правеа во изминативе 2 недели се пееја официјалната и навивачката химна, се споделуваше радоста.
Велешките херои им дадоа можност на навивачите да разговараат со нив, да ги прашаат за импресиите, за противниците, за чувството да си поголем и посилен од големите репрезентативци на Германија, Франција, Полска, Русија ...
Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров на репрезентативците им подари резби создадени на колонијата „Папрадишки мајстори“, но и знамиња на општина Велес за да можат високо да ги развејат на Олимписките игри во Лондон.









