9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот, Денот на Европа, Ден за Велес
Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9-ти мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално e ставен крај на Втората светска војна која однесе повеќе од 50 милиони животи. Во чест на паднатите борци за слободна Македонија и слободен Велес, делегации на Сојузот на борците од градот и општината положија свежо цвеќе на Спомен костурницата. На овој датум се обележува и чествувањето на Денот на Европа, а симболиката да биде уште поголема денов се совпадна и со првиот судски процес против екологист, Игор Смилев, член на Зелената коалиција. Својата поддршка за одбрана на чист и незагаден Велес ја изрази и Градоначалникот Горан Петров.