Спорт - Колапс од психолошки карактер
Најдобриот женски тим во последните години Форца Волеј во најзначајниот натпревар оваа сезона меѓу двата единствени конкуренти за титулата се покажа во најдоброто светло. На крајот на семафорот во спортската сала „Гемиџии" и во записникот од натпреварот остана запишано Форшпед-Форца Волеј 0-3 (18-25, 16-25, 11-25). Со оваа победа избраничките на Славков стигнаа до предност од 2-0 во серијата подобар од три и еветуланата победа во четврток (н.з според најавите средбата во Форца би требало да започне во 20 часот) би значела одбрана на титулата.
Вистински спортски празник во Велес, одамна не се памети кога последен пат на еден спортски настан во овој град се собрале повеќе од 1000 посетители. Амбиентот целосно „ги блокира" младите одбојкарки на домашната екипа кој што вопшто не се навикнати да играат пред толкав број на гледачи. Ова вопшто не треба да зачудува ако се има во предвид дека имаат само две поискусни играчи: репрезентативките Тања Алексовска и Петровиќ. Само на почетокот на првиот и вториот сет „велешанки" имаа предност. Се останато беше на страната на гостинскиот тим , а работата им беше олеснета и поради фактот што нивниот противник немаше никава реализиација од контра нападите. Се на се и покрај колапсот во оваа средба нема место за разочарување. Пред Форшпед е одлична иднина, а со поголемиот број на натпревари од ваков карактер ќе го добијат непоходното искуство.
Сала: Гемиџии-Велес Гледачи:1200 Судии: П. Серафимовски-З.Илиевски Делегат: М.Трајков
Форшпед-Форца Волеј 0-3 (18-25, 16-25, 11-25)
Форшпед: Василјевиќ, Алексовска, Илчева, Пановска, Ончева, Нонеска, Јачева, Србова (л), Милошевска, Здравевска, Темелковска, Петровиќ
Форца Волеј: Попјорданова (л), Петровиќ, Кофиловска, Јермилова, Јанкова, Мирчевска Пејовска, Каленикова, Карановиц, Наумовска, Т. Живковиќ, М. Живковиќ
Сандра Нолчева (Форшпед): Имавме реална шанса да ја продолжиме серијата. Но во натпреварот влегоме психолошки оптоварени, затоа што противникот веќе имаше предност од еден добен напревар. Амбиентот во салата уште повеќе го зголеми истиот. Поради овие причини доживеавме комплетен резултатски колапс.
Марија Петровиќ (капитен на Форца Волеј): Според мене решавачко беше нашето искуство. За разлика до поголемиот број на противнички одбојкарки имаме играо во сличен амбинет. Вопшто не чуствуваме притисок затоа што играме на гостински терен, што резултраше со анпша најодбра игра оваа сезона пртив Форшепед. Прдолжуваме во истиот ритам и мислам дека серијата завршува на следната средба во четврток.
извор: www.sportefe.mk