Летниот период изобилува со спортски настани поддржани од Општина Велес:
- Одржан е 13-тиот турнир во фудбал за кадети и пионери на кој учествуваа 12 екипи . За првото место се избори екипата на Оризари, второто место го освои екипата на „Давинчи“, а трети беа фудбалерите на „Црна Река“. За најдобар играч е прогласен Муртезани Рамадан од екипата на Оризари, а за најдобар голман Данилов Мартин од екипата на „Давинчи“.
- Традиционалниот турнирот во голем фудбал за пионери „Превалец“ ќе се одржи во чест на празникот Голема Богородица на 27 и 28 август.
- Во тек е турнирот во мал фудбал „Поток“.
- Започна Меѓународниот турнир во одбојка на песок „Велес 2012“. На игралиштето во Градскиот парк, во организација на ОК „Борец-Брако“, а со поддршка на ЈПССО „Парк-спорт“ се реализира третиот по ред спортски настан во оваа дисциплина. Бидејќи станува збор за спорт во тренд, интересот како на учесниците, така и на публиката е голем. За учество се пријавени: во младинска категорија 8 машки и 8 женски екипи. Во мешани двојки пријавени се 17 екипи, а во машка и женска сениопрска категорија пријавени се по 10 екипи во машка и женска конкуренција. Заради големиот број на учесници се игра со динамика од 9-12 и од 14-22 часот.
- Од 25-28 август на Градскиот стадион ќе се одржат отворените забавни фудбалски школи.Оваа манифестација ја организира и реализира Сојузот на училишен спорт од Велес, а учествуваа деца од 8-11 годишна возраст. Низ игри во кои што елементи од фудбалот, најмладите се воведуваат во спортот. Овие фудбалски школи се традиционална активност на СУС.
- Во подготовка е Отворениот спортски ден што се организира во соработка со здружението на спортски педагози, спортските клубови од градот, СУС и Општина Велес. Оваа манифестација во еден ден ги собира на едно место сите граѓани на Велес без оглед на возраста, кои сакаат да спортуваат и да се дружат. Натпреварите се во дваесетина спортски дисциплини, а бројката на учесници, според досегашните искуства, е околу 1000. Учесниците се ученици, пезионери, вработени, рекреативци, активисти на граѓански организации и поединци. Отворениот спортски ден ќе се одржи во ќест на 8-ми Септември, Денот на независноста мна Република Македонија.
- ФК „Борец“, спортската гордост на Велес од минатото, полека застанува на цврсти нозе. Новата постава на играчи и новио тренер ја враќаат публиката на Градскиот стадион во Велес.