Државно првенство во одбојака за младинци во Велес

Во организација на Републичкиот сојуз на училишен спорт, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, во Општина Велес на 7-ми и 8-ми март се одржува Државниот натпревар во одбојка за младинци.На првенството учествуваат 6 екипи од Скопје, Крушево, Битола, Струмица и Велес. Домаќин на првенството е Сојузот на училишен спорт од Велес и Гимназијата „Кочо Рацин“.

Во присуство на гости од организаторите и учесниците на овој значаен спортски настан, Државното првенство во одбојка за младинци за отворено го прогласи Градоначалникот на Општина Велес г-дин Горан Петров.