Балканските прваци во Шотокан карате на прием кај градоначалникот
Прво место екипно и поединечно на балканското првенство во Шотокан карате во конкуренција на 14 држави и 1500 спортиство на повеќе категории и второ место на светскиот шампионат. Тоа се успесите на Јован Васиќ и Ѓорѓи Бановски, членови на клубот „Гладијатор“. „Во екипна конкуренција со Димитриевски Христијан се прваци на Балканот но и еден - два во поединечна конкуренција, за веднаш наредниот викенд да одвоме второ и шесто место на светскиот шапмионат“, рече Боби Војдиновски тренер. Во клубот велат дека се многу задоволни од успехот, на овие двајца, но и на останатите членови. Годинава постигнати се многу успеси.
Настапија на повеќе домашни и мегународни натпреварувања „Ние моравме прво низ Македонијада победиме на нашите првенства А потоа одидовме на балканското каде достојно ја претставивме државата“, рече Војдиновски Последниот успех на Васиќ и Бановски не помина незавележано и од општина Велес. Градоначалникот денеска оставри прием со нив. Им подари скромни подароци и рече дека во иднина ќе го следи нивниот напредок и резултати. „Сакам на двајцата да им го честитам големиотм успех кој го постигнаа и да им посакат таска и да продолжат,но мора и да бидат посветени на училиштето оти без тоа ништо. Серкако најголеми заслуги за успехот има и тренерот Боби Војдиновски и овие медали се и негова заслуѓа“, рече Славчо Чадиев градоначалник на општина Велес. Чадиев им даде уверување на каратистите дека секогаш ќе ги поддржува, затоа што и самиот во младоста бил дел од тој спорт.
