6-ти меморијален турнир во кошарка „Тони Виларов”

Во чест на прерано починатиот велешки кошаркар Тони Виларов и годинава се одржа меморијалниот турнир Тони Виларов. Гости на турнирот беа екипите на КК Тиквеш од Кавадарци, КК Пелистер од Битола домаќините КК Борец од Велес и кошаркари од Скопје. Интересни натпревари проследија присутните во спортската сала на ООУ Блаже Конески. Најмногу аплаузи и овации и годинава имаше за Петар Виларов кој по стапките на својот татко се изградува како квалитетен играч. Тој на овогодишниот турнир го даде првиот кош, но и победникот беше решен во последната минута од натпреварот со неговата тројка. Традиционално овој турнир беше потпомогнат од Советот на Општина Велес, неговото семејство и пријателите на Тони во знак на почит и сеќавање.