Прв натпревар, прва победа за Градскиот ракометен клуб „Борец“

Со победа го започнаа ракометниот поход, ракометарите на Градскиот ракометен клуб „Борец“. Ракометарите на Младост од Богданци се првиот поразен тим од градскиот клуб. Мачавелов прв ја затресе мрежата на противникот, а заедно со Зоран Стојановски се најефикасни на натпреварот. Брилијантно бранеше и голманот Димовски, тој одбрани дури 17 удари на противникот.  Целокупно гледачите задоволни и од играта и од резултатот 30:25.

 

Од Борец велат ова е победа за сите кои помогнаа ракометарите повторно да се вратат на терен но и победа која треба да ги охрабри добронамерните пријатели на спортот финансиски да го подржат најтрофејниот клуб на Велес.

превземено од: www.lisica.mk