ГРК Борец со 41:12 ја совлада екипата на РК Јехона
Денес (27.10.2013) во салата Гемиџии се одржа натпреварот од 5-то коло во првата машка ракометна лига помеѓу ГРК Борец од Велес и РК Јехона од Гостивар. Велешките ракометари извојуваа убедлива победа постигнувајќи 41 погодок наспрема 12 освоени од ракометниот клуб Јехона. Идниот викенд во 6-тото коло, ГРК Борец силите на гостински терен ќе ги одмери со екипата на Прилеп 2010.