ГРК Борец со 24:19 ја совлада екипата на РК Риниа М

Денес (10.11.2013) во салата Гемиџии се одржа натпреварот од 7-то коло во првата машка ракометна лига помеѓу ГРК Борец од Велес и РК Риниа М од Скопје. Велешките ракометари извојуваа победа на овој натпревар, постигнувајќи 24 погодоци наспрема 19 освоени од ракометниот клуб Риниа М. Идниот викенд во 8-тото коло, ГРК Борец е слободен во натпреварувањата.