Природни ресурси во општината
Страница 2 од 3
Шуми
Република Македонија е земја богата со шуми. Шумите се национални природни ресурси. Локалната самоуправа нема надлежности во управувањето и стопанисувањето со шумите.
Во Општина Велес со шумите стопанисува шумското стопанство “Бабуна”. Велешката општина (според старата територијална организација) има 55000 хектари уредена шумска површина. Во однос на сечата, се постапува по Законот за шуми. Шумското стопанство има обврска за годишно пошумување во согласност со исечениот етат. Овие пошумувања се на територија од каде е извадена (исечена) дрвната маса, а тоа не е непосредната околина на Велес.
Уредувањето на шумите е законска обврска на шумското претпријатие и се состои во уредување на шумските површини и шумскиот фонд, квалитетна дрвна маса по вид, процент на дрвна маса по површина и потреби, одгледување на шумите, нивно проредување.
Општината Велес располага со 40% дабова шума, 50% букова шума, 10% пошуменост со црн бор. Овие шуми служат за спречување на ерозијата, за смена на микроклиматските влијанија (во летниот период ја намалуваат температурата за 5оC, а во зимскиот ја зголемуваат за 5оC). Со тоа успешно ја извршуваат својата функција.
Општината, според категоризацијата, е средно пошумена. Најголема пошуменост има по течението на реките Бабуна и Тополка.
Во рамките на Локалната Самоуправа формирано е Координативно тело за пошумување кое активно работи во областите - пошумување и озеленување на територијата на општината и нејзината непосредна близина.
Реализирани пошумувања:
Сите овие површини се засадени со високо квалитетен сертифициран посадочен материјал. Пошумувањето се спроведува единствено преку донирање од институции кои активно работат на територијата на Велес: ЈП „Македонски шуми“, ЈКП „Дервен“ и Локалната Самоуправа.

- 2002 есенско садење на локација “Автопат” - извршено пошумување на 30 хектари претходно опожарени шумски култури
- 2003 пролетно садење на локација “Дурутовец - депонија”- 20 хектари
- 2004 пролетно садење на локација “Св. Илија” - 150 хектари
- 2004 есенско садење на локација “Вршник” - 50 хектари
- 2005 пролетно садење на локација “Гроот” - 15 хектари