Природни ресурси во општината


Минерални ресурси

минерални ресурси во близината на  Велес Општина Велес нема позначајни појави на металични минерални суровини. Состојбата со неметаличните минерални суровини е многу поповолна.
Меѓу минералните суровини доминира талкот со утврдени резерви во локалитет Извор-Никодин, поголеми од 3 милиони тони. Во експлоатација е лежиштето кај село Извор со годишен капацитет до 12 000 тони.
Приближно исти резерви имаат лежиштата на туларски глини во регионот Горна Брца и Чашка, како и покривни шкрилци во локалитетот Крнино.
Варовниците се експлоатираат во локалитетот Превалец, каде се утврдени резерви од 2 милиони м3. Кварцот е истражен во локалитетот Орешје, по долините на реките Бабуна и Тополка, како и во локалитетот Чичево. Вкупните резерви се оценети на околу 60 милиони тони.
Од украсните камења актуелни се мермерите од околината на Нежилово, а појава на јаглен е утврден во терциерниот басен на Чашка.

Земјоделско земјиште

земјоделско земјиште - ораници Вкупната земјоделска површина изнесува 1071км2 или 69% од вкупната површина на општината во поранешен состав. Како земјоделско земјиште се третираат 370 км2 или 34,5% од вкупна земјоделска површина. Земјоделските површини од еколошки аспект имаат поволна структура поради големото учество на ливади и пасишта.
Во последните години обработливото земјоделско земјиште е намалено, што претставува негативен тренд од аспект на обезбедување поповолен економски и социјален статус на локалното население.
Главни носители на земјоделското и сточарското производство се индивидуални земјоделски стопанства. Најголемиот агрокомбинат “Лозар” е во стечај.