Образование и образовни институции

Во Општина Велес има доволно образовни институции за задоволување на потребите на граѓаните за основно и средно образование. Во градот има 6 основни училишта, 4 средни училишта во кои годишно се образуваат околу 3176 ученици, и едно училиште за образование на деца со лесни пречки во развојот. Потреба од проширување на образовните капацитети постои во насока на високото образование.

Во градот делува и работнички универзитет за дообразование, учење на занаети, странски јазици и нижо музичко училиште, а постои и интернат за сместување на ученици од средното образование.

За предучилишно образование постојат и работат 6 организациони единици на предучилишната установа „Димче Мирчев“. Во градинките се опфатени околу 650 деца, а просториите во кои престојуваат се естетски уредени, адекватни и и одговараат на педагошките барања и норми.

Општа констатција е дека и покрај тоа што училиштата главно не се современо опремени, тие сепак ги задоволуваат основните критериуми за образование, со напомена дека во градот се потребни и високо образовни институции.