СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - MOTO BEACH PARTY

Во организација на Мото клубот  „Носачи на Крстот“ – Велес, а под покровителство на Општина Велес и хотел „Романтик“  на 8-ми мај (сабота) во  Велес се организира голем рок спектакл - MOTO BEACH PARTY. Во 18:15 часот мотоциклисти од целата држава ќе дефилираат низ улиците на Велес.

Дефилето ќе се движи на релација хотел „Романтик“, базен „Снупи“, ул.„Ленинова“, ООУ „Васил Главинов“, улиците „Благој Ѓорев“ и „Маршал Тито“ до Стар Мост; ќе продолжи преку мостот „Гемиџии“, ул.„Алексо Демниевски“ и  ќе заврши на почетната точка - хотелот „Романтик“.

Големиот рок спектакл ќе започне во 20 часот на плажата на хотелот „Романтик“ крај езерото „Младост“.
Настапуваат:  Венко Серафимовски, Purple Zeppelin Trubute и   Македонска  рок експедиција

Општина Велес Ве поканува на незаборавно доживување и дружење со македонските мотоциклисти и незаборавните хитови на Led Zeppelin, Deep Purple (Лед Цепелин, Дип Парпл) и многу други рок легенди.

Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров