Кратка биографија на градоначалникот

ImageГоран Петров е роден 1962 г. во Велес. Тој е дипломиран градежен инженер. Добро го познава рускиот јазик, се служи со англискиот, а го изучува германскиот. На парламентарните избори одржани во 2006 г. е избрам за пратеник во Собранието на Република Македонија, во третата изборна единица. На вонредните парламентарни избори, одржани во 2008 г., повторно е избран за пратеник во Собранието на РМ. со втор мандат. На локалните избори во март, 2009 е избран за градоначалник на Општина Велес. На конститутивната седница на Генералното Собрание на ЗЕЛС е избран за член на Управниот одбор.