Градоначалникот Петров против рестарт на топилницата
По неофицијалната вест дека фирмата Метрудхем ја купи велешката топилница, во изјава за новинарите, на 22 април годинава, градоначалникот Горан Петров ги поддржа граѓаните на Велес. „Мојот став е познат. Јас сум против рестартирањето на топилница. Сепак во овој момент не можам да коментирам околу продажбата. Ќе почекаме да добиеме официјална информација и потоа ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме“, рече Петров.