Советот на Општина Велес едногласен против рестарт на топилницата

На својата трета вонредна седница посветена на рестартот на топилницата, Советот на Општина Велес на 3-ти ноември годинава  едногласно ја изрази вољата да ги преземе сите можни мерки за спречување на рестарт на топилницата. На седницата на која беа разгледани предлозите на Градоначалникот Горан Петров, членовите на советот усвоија 9 заклучоци со кои веруваат дека ќе се оневозможи рестарт на производството во топилницата:

 

  1. Советот на Општина Велес е против било какво рестартирање на Топилницата за олово и цинк во Велес.
  2. Советот ќе започне постапка за изменување и дополнување на Генералниот урбанистички план за град Велес за дел од УЕ1- УБ 1А и УБ 1Б – (2008-2018) со иницирање на измена на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2011 година на првата наредна седница и продолжување на  постапката за негово донесување.
  3. Советот ќе достави Иницијатива до надлежните органи (Министерот за транспорт и врски, Министерот за внатрешни работи, Министерот за здравство, Министерот за животна средина и просторно планирање и Дирекцијата за радијациона сигурност) да се забрани превоз на одделни видови на опасни материјали (отпад од физичка и хемиска преработка на минерални суровини на обоени метали, отпад од металургија на олово, цинк, бакар, сребро, злато, платина и други обоени метали) кои како отпад се создаваат на територијата на Општина Велес, освен за санација и ремедијација на веќе постечки еколошки жаришта и загадени подрачја во општината.
  4. Согласно законските одредби од Законот за управување со отпад, Советот нема да определи локација за времено складирање-депонирање на отпад од физичка и хемиска преработка на минерални суровини на обоени метали, отпад од металургија на олово, цинк, бакар, сребро, злато, платина и други обоени метали.
  5. 5. Советот ќе достави Иницијатива до Владата на РМ за подрачјето на Општина Велес да не се определува локација за депонирање на опасен отпад, согласно Националниот план на РМ(2009-2015) за управување со отпадот.
  6. Одборот за спас на Велес од Топилницата, да иницира покана до претениците во Собранието на Република Македонија од Велес, за членство во Одброт. 
  7. Советот го задложува претседателот на Одборот за спас на Велес од Топилницата, да иницира и бара средба со претениците во Собранието на Република Македонија од Велес и Парламентарната зелена лоби група со цел да се иницира активно учество на оваа Лоби група  за расправа во Собранието на РМ  за прашањето со рестартирањето на Топилницата и донесување на акт од законодавниот орган.
  8. Советот го задложува Одборот за спас на Велес од Топилицата, да ги систематизира сите научи трудови и да ги промовира нивните разултати, да организира трибини со стручни лица од областа на медицината, технологијата, екологијата и правото и при тоа да се обрати до образовно научите институции во Македонија за добивање на стручна помош.
  9. Заклучоците  ќе бидат доставени до сите надлежни државни институции.