Инспекциски надзор во Топилницата
По добиените сознанија дека во Топилницата за олово и цинк во Велес започнале ремонтни активности и подготовки за рестартирање на инсталацијата, на барање на Општина Велес, на 09.02.2012 г. извршен е заеднички инспекциски надзор на општинскиот и државни инспектори за животна средина, а со цел да се утврди веродостојноста на добиените сознанија. При надзорот беше извршен комплетен увид на погоните, опремата, постројките, локациите за суровини и кругот на инсталацијата.
Од извршената инспекција е констатирано дека во Топилницата не се вршат никакви активности - ниту градежни, ниту ремонтни, ниту производствени. Во постројките нема напојување со електрична енергија и сите се надвор од функција. Резервоарите за сулфурна кислеина се испразнети со активностите и превземените мерки на Министерството за животна средина и просторно планирање. Надлежните органи продолжуваат будно, со должно внимание и со висок приоритет да ја следат состојбата и случувањата во Топилницата за олово и цинк Велес.