Поднесено е барање за определување на обемот на оцена на влијание врз животната средина за проектот Топилница

На 13.02.2012 г. МЕТРУДХЕМ ДООЕЛ Скопје поднесе Барање за определување на обемот на оцена на влијание врз животната средина за проектот “Топилница за олово и цинк Велес”, согласно Решението на Министерството за животна средина и просторно планирање од 24.01.2012 г., кое e обжалено од страна на Општина Велес и Невладините организации со еколошки предзнак. Врз основа на ова барање, Министерството за животна средина го определува обемот на Студијата за оцена на влијание на проектот врз животната средина, по претходно добиени мислења од инвеститорот и јавноста.

Согласно заложбите на Општина Велес да ја информира јавноста за постапката која се води во Министерството за животна средина и просторно планирање, ја ставаме на увид Листата на проверка за определување на обемот на ОВЖС: Прашања за карактеристиките на проектот Топилница за олово и цинк Велес, Општина Велес, која е  превземена од веб страната на ресорното министерство.

Во исто време ја информираме заинтересираната јавност дека може да се вклучи во процесот, со доставување на свои предлози и забелешки, кои можете да ги доставите во писмена форма до Општина Велес, ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Превземено од www.moepp.gov.mk :