По реакција на Општина Велес, стопирана е постапката за проектот Топилница

“Ние имаме морално право да бидеме многу внимателни на сите чекори кои ќе бидат превземени” – е пораката испратена од градоначалникот Петров во врска со проектот “Топилница за олово и цинк Велес”.  На 16.02.2012 г. Министерството за животна средина до Општина Велес достави Известување за продолжување на постапката согласно Решението на министерството од 24.01.2012 г. Општина Велес веднаш реагираше до Министерството и бараше да го преиспита продолжувањето на постапката, во случај кога на решението сe поднесени жалби од страна на Општина Велес и од Невладините организации со еколошки предзнак до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

На реакцијата на Општина Велес, МЖСПП на 17.02.2012 г. издаде соопштение дека нема да преземе понатамошни активности за спроведување на постапката за оцена на влијанието врз животната средина по однос на овој предмет до донесувањето на одлука по жалбите.

Како заинтересирана страна, општината продолжува будно да стои на браникот на правото за живот во здрава животна средина на нејзините граѓани.