Случај Топилница - Усвоени жалбите на Општина Велес и ЕД „Вила Зора“

Второстепената Државна комисија за одлучување во управна постапка ги усвои поединечните жалби на Општина Велес и ЕД „Вила Зора “ – Велес, поднесени по решението на Министерството за животна средина и просторно планирање со кое се утврдува потребата од спроведување на оцена на влијанието врз животната средина на проектот „Топилница за олово и цинк“ на компанијата „Метрудхем“. Со ова, решението на министерството се поништува и предметот се враќа на повторна постапка. 

Општина Велес и ЕД „Вила Зора“ поднесоа жалби до Второстепената Државна комисија оспорувајќи ја законитоста на постапката водена во Министерството за животна средина и просторно планирање. Законитоста е оспорена заради недостапност до сите релевантни информации и документи во постапката, несоодветно вклучување на јавноста и непочитување на законската обврска за јавно објавување на документите во постапката.  По разгледувањето на жалбите, Второстепената државна комисија утврди дека решението е неправилно, дека треба да се поништи и предметот да се врати на повторно постапување и одлучување од страна на првостепениот орган, во случајов Министерството за животна средина и просторно планирање.