ПРЕКИНАТА ПОСТАПКАТА ЗА РЕСТАРТ НА ТОПИЛНИЦА
Управата за животна средина ја прекина постапката за оцена на влијанието на проектот „Топилница за олово и цинк-Велес“, откако ЕД „Вила Зора“ поднесе жалба на Решението на Министерството за животна средина и просторно планирање со кое требаше да се оцени влијанието на проектот на „Метрудхем“ за рестарт на топилницата. Прекинот на постапката ќе трае се додека Државната комисија за одлучување во управна постапка не донесе одлука по жалбата на ЕД „Вила Зора“.
Во прилог Ви овозможуваме пристап до Заклучокот за прекин на постапката.