Одбиена жалбата на ЕД „Вила Зора“ во постапката за оцена на влијание на проектот Топилница

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ја одби жалбата изјавена од страна на ЕД “Вила Зора” од Велес против решението на Министерството за животна средина и просторно планирање, во кое се утврдува потреба од спроведување на постапка за оцена на влијанието на проектот “Топилница за олово и цинк Велес”.