Доделени средства од концертот „За децата од Велес“
На Светскиот ден на екологијата, во организација на Општина Велес, Центарот за поддршка на невладини организации (ЦПНВО), ЕД "Вила Зора", Движењето на екологистите на Македонија, Друштвото на родители за грижа за здраво поколение, Друштвото за деца заболени од церебрална парализа се одржа хуманитарен концерт од кој беа собрани 117 000 денари.
Комисија составена од претставници на организаторите на концертот изврши распределба на средствата на 10 деца и млади од Велес со сериозни заболувања потребни за операција и лекување.
Загадената животна средина во која живеат велешките деца, особено загадувањето на почвата и храната е сериозен ризик за нивното здравје. Децата имаат специфичната осетливост на загадувањето со тешки метали, кое во корелација со социоекономските диспаритети доведува до појава на сериозни заболувања.
Општина Велес на корисниците на финансиските средства им посакува успешно лекување.