Министерството за животна средина го определи обемот на оцена на влијание за Проектот Топилница за олово и цинк

Согласно Законот за животна средина, по доставената Листа за проверка за определување на обемот за оцена на влијанијата врз животната средина за проектот Топилница за олово и цинк, Управата за животна средина задолжително се консултира со општината на чие подрачје треба да се спроведува проектот и ги зема во предвид добиените мислења. По добиената Листа за определување на обемот за топилницата, Општина Велес изготви мислење и го достави до Управата за животна средина. Генерално барање на Општина Велес е да се утврди алтернативна локација за спроведување на проектот Топилница за олово и цинк наместо постоечката локација. Заради заложбата на Општина Велес да ги информира своите граѓани за сите превземени постапки, ги ставаме на увид на јавноста:

Листа на проверка за определување на обемот за оцена на влијание во проектот Топилница за олово и цинк изготвена од Метрудхем ДОО Скопје од 25.06.2012 г.
Мислење од Општина Велес во врска со Барање за определување на обемот на оцената на влијанието врз животната средина на Проектот Топилница за олово и цинк од 14.09.2012г.
Мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање определување на обемот за оцена на влијание врз животната средина од 23.11.2012 г.